Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/20 4:17 PM

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча, која е една од најзначајните културно-историски споменици на територијата на општина Струмица.

Целокупниот простор околу манастирот ќе биде амбиентално вклопен со манастирот, поплочен со реден камен, хоритултурно уреден, со заштитни и украсни огради, со парк, шеталиште, осветлување и урбана опрема. Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и Ѓоко Ристовски од Одделението за локален економски развој, денеска беа на увид на градежните активности на овој проект.

Средствата се целосно обезбедени од грант од Европската Унија, ИПА програма за прекугранична соработка, а вкупната вредност на градежните работи е околу 150.000 евра.