Ковид 19 координатор, нова професија за контрола на заштитните мерки во фирмите – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/20 1:29 PM

Ковид 19 координатор, нова професија за контрола на заштитните мерки во фирмите

Нема поригорозни мерки, полициски час, ниту карантин за Штип  по зголемениот број на заболени од короновирусот во штипските конфекции. Заседаваше  денес општинскиот кризен штаб, по што се одржа и прес-конференција.

На седницата присуствуваше и вицепремиерот Бујар Османи кој што е и координатор на локалните кризни штабови во рамките на државниот кризен штаб.

Очигледно е дека  колективните рестриктивни мерки не се доволни за да се спречи ширењето на вирусот и затоа потребно е секој човек да си го заштити својот дом, но и поставување на официјално лице кое што ќе се грижи за почитување на заштитните мерки по фирмите и институциите , рече  Османи.

 

,,Веќе е време да се создаде нова работна  позиција во сите институции особено каде што има повеќе вработени, државни или приватни , за да се заштитат и работниците и компаниите.Тоа е ковид 19  координатор на кој што единствена задача ќе биде контролирање  на имплементирање на протоколите. Очигледно е дека инфекцијата се шири, во моменти на помало внимание, на помалку контрола“, изјави Османи.

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски истакна дека веќе разговарал со претставници од штипските конфекции и одлуката  за поставување кови 19 контролори била прифатена.

Официјално во Штип има седум новозаболени со Ковид 19, од кои и една заболена од нова штипска конфекција во која се вработени 250 работници.