Доказ за неговата кошаркарска големина, како и за тоа дека беше еден од најдобрите кошаркари кои воошто ја играле оваа игра. На ѕидот на основното училиште „Данило Борковиќ“ во босанска Градишка, осамна неверојатен мурал на прерано починатата НБА ѕвезда, Коби Брајант.
Авторот на муралот, младиот Дени Божиќ од Добој, рече дека правењето на малото ремек-дело било тешко, но сепак му причинило огромно задоволство.
Како што пренесува „gradiska.tv“, на Дени и неговите пријатели кои му помогнале при цртањето, Коби Брајант им бил идол и на овој начин сакале да му оддадат чест и тоа на теренот каде што многу генерации од тоа место започнале да играат кошарка.