Имате ли велосипед? А го возите? Или се уште го сметате за превозно средство на сиромашните? Во април пред две години генералното собрание на ООН го прогласи 3 јуни за Светски ден на велосипедот. Колку велоспедот има значење за здравјето знае само поп пејачот Дарио Панковски, кој децении поминува со својот пријател на две тркала по 15-20 километри дневно.
-Според мене, светскиот ден на велосипедот е многу позначаен од еден куп други празници во текот на годината. Зошто? Затоа што велосипедот е еден од најубавите изуми на човечштвото од секој аспект. Еколошко превозно средство кое ја растеретува планетата од загаденоста, најпрактичен превоз со кој можеш да поминеш и стасаш буквално секаде и убедливо најефтин превоз. Ефектите врз човековото физичко и ментално здравје се феноменални. Физичка кардио активност, одржување на виталноста. Релаксација, анти депресив и подигање на расположението. Плус како бонус, чувство на неограничена слобода и прекрасен естетски момент со бескраен избор на преубави модели, вели Дарио и додава:
„Колку години возам велосипед не знам точно. Многу. А за километри ќе кажам, па едно 15-20 дневно. Е во тоа е убавината. Младите да возат за да бидат здрави, а старите за да бидат млади, вели поп пејачот Дарио Панковски, по повод светскиот ден на велосипедот.