Фондот за здравствено осигурување соопшти дека поради технички проблем со довод на електрична струја, односно неисправност на електричен кабел денеска осигурениците, матичните лекари и фармацевтите се соочиле со потешкотии и имале проблем при издавање на лекови на рецепт на товар на Фондот.
Проблемот, како што посочија од Фондот, е надминат и системот функционира нормално.
Од Фондот им се извинуваат на осигурениците за потешкотиите со кои се соочиле.
МИА