Штип: Пет случаи на Ковид 19 потврдени во текот на вчерашниот ден , од утрово уште три – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/20 9:42 AM

Штип: Пет случаи на Ковид 19 потврдени во текот на вчерашниот ден , од утрово уште три

По потврдениот еден случај на новозаболен од Ковид 19 во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови беа потврдени уште четири случаи, информираше  директорот на штипската клиничка болница Ален Ѓеорѓиев  на денешната прес-конференција.

Од утрово, кажа  Ѓеорѓиев , биле потврдени уште три случаи , меѓутоа официјалните бројќи  и евентуално нови случаи , ќе ги каже на редовната прес-конференција  Министерот за здравство Венко Филипче.

Ѓорѓиев демантираше дека во текот на вчерашниот ден имало 14 нови случаеви, потенцирајќи дека на прашање на новинар на локална телевизија, тој го потврдил бројот од  четворица нови а не 14, што беше и повод за реакција  и обвинувања од страна на опозициската  ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Половина од капацитетот на инфективното одделение при штипската  Клиничка  болница во моментов е исполнет, има 16 пациенти. Еден пациент е отпуштен во текот на вчерашниот ден но примени се двајца нови.

Денеска  седница ќе одржи Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со состојбата со вирусот Ковид 19, на која присутен ќе биде и координаторот на кризните штабови на единиците на локална самоуправа, Бујар Османи.