Диета со тиквички- За девет дена и до четири килограми помалку – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/20 8:06 AM

Диета со тиквички- За девет дена и до четири килограми помалку

Не го исцрпувајте организмот со гладување или строги диети, туку обидете се прво да го исчистите телото од токсините, а потоа да ги изгубите килограмите со тиквички. Нутриционистите ги препорачуваат токму за диетата, бидејќи содржат многу диетални влакна кои ги разложуваат мастите и го забрзуваат метаболизмот, а во 100 грама содржат само 16 калории.

– Тиквичките се диетална храна затоа што повеќе од 90 проценти од плодот содржи вода. Затоа не е ни чудо што содржат толку малку калории. Ако обрнете внимание на линијата, најдобро е да ги јадете на скара, без да додавате масло – пишува Diet.net.

Оваа диета трае три дена и се повторува три пати, што значи дека трае вкупно девет дена, а вие нема да бидете гладни или малаксани, а може да изгубите и до четири килограми.

ПРВ ДЕН:

Појадок: парче тост, 100 гр младо сирење, чаша зелен чај

Ужина: портокал или чинија бистра супа

Ручек: печена тиквичка (300 гр), парче варено пилешко (200 гр), киви, чаша зелен чај

Ужина: салата од зелка и морков (250 гр)

Вечера: 100 гр суви сливи или три свежи сливи, чаша зелен чај.

ВТОР ДЕН:

Појадок: парче тост, запечена мала тиквичка со малку маслиново масло, чаша зелен чај

Ужина: јаболко

Ручек: 150 гр тиквички на скара, 150 гр леб, зелена салата со сок од лимон

Ужина: портокал и чаша зелен чај

Вечера: парче тост, печено цвекло, чаша јогурт

ТРЕТ ДЕН:

Појадок: две парчиња тост, едно варено јајце, чаша зелен чај

Ужина: портокал или чинија бистра супа

Ручек: две тиквички на скара, домат со малку маслиново масло

Ужина: портокал

Вечера: тиквичка на скара, 150 гр риба по ваш избор, чаша зелен чај

Фото: index.hr