Владимир Четкар на музичка плеј-листа на „Мекдоналс“ во Јапонија – ММС
ММС

Објавено на: 06/2/20 5:34 PM

Владимир Четкар на музичка плеј-листа на „Мекдоналс“ во Јапонија

Песната ‘Travel The World’ на Владимир Четкар, од 20 мај се најде на музичката плеј-листа на познатиот бренд ‘Мекдоналдс’ во Јапонија, што значи дека ќе биде пуштана секојдневно во над 3000 ресторани во земјата.

За  оваа музичка плеј-листа (Japanese McDonald’s BGM / Background Music) која постои од 2010 година ,внимателно се грижи посебен тим кој е задолжен за создавање на убава атмосфера во која јапонските муштерии може да се релаксираат и на кратко да заборават на брзото и стресно темпо на живот.

Видеото за “Travel the world” , Четкар го издаде после подолга пауза од неговото последно видео.На оваа тема тој се потпишува како комплетен автор на композиција, аранжман, стихови, оркестрации и продукција. Четкар ги пее водечките и придружните вокали, како и свири на гитара. Спотот е сниман во родниот крај на Четкар, отсликувајќи ги убавините на Охрид и охридскиот регион.