Пресудата за предметот „Рекет“ ке биде изречена на 18 јуни. Во моментов заврши одбраната на Катица Јанева, која ги даваше завршните зборови во случајот „Рекет“. Јанева во својот исказ меѓу другото рече дека:
„Орце сакаше да соработува за другите предмети на СЈО. Но, тој е „прљав“ играч, злобен, мисли дека само тој може да купува… епа мене не, се зафркнал“, рече Катица Јанева денес во суд и додаде дека нивните колешки судии се откажале од неа, а покажувањето на платите било благоарение само на неа.
Во исказот таа не заборави да си ги спомене и поранешните колешки од СЈО, за кои рече:
„Криминалот треба да се гони. Не до четири часот, па да земеш пијалак, ракијката и салатката, како што прават многу мои колеги. И дека некои кризираат ако не се напијат алкохол. Епа тие колеги не ги одбрав лично. Пијаници и неисполнети личности, недокажани во животот не ми требаат. А Шврговски кога беше шеф на обвинителството, цело време ми се врти за две колешки, пред 10 години дека сакал да ги разреши, бидејки биле неспособниКои се двете обвинителки, сите ги знаеме. Присутна е завист, омраза, анимозитет, рече Јанева мислејки на колегите од СЈО. .