Продолжуваат безредијата во САД: „Полицијата на колена, војската – не“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/2/20 9:18 AM

Продолжуваат безредијата во САД: „Полицијата на колена, војската – не“

Вашингтон како воена зона, оклопни возила по улиците. Почнува ли граѓанска војна во САД? Трамп најаува зголемување на военото присуство за да се спречат немирите и вандализмот – „полицијата на колена, војската – не“. Две лица загинаа во Сисеро, предградие на Чикаго. Демонстрациите и немирите  во САД во САД во врска смртта на Џорџ Флојд продолжуваат со несмален интензитет.

Портпаролот на градскиот совет во Чикаго Реј Ханани изјави дека 60 луѓе биле уапсени во Сисеро, град со 84.000 жители западно од Чикаго. Тој не даде повеќе детали за идентитетот на убиените, ниту за околностите на нивната смрт.

Државната полиција на Илиноис и канцеларијата на шерифот на округот Кук, беа повикани да им помогнат на локалната полиција во понеделникот, додека демонстрантите упаднаа во продавница за алкохол и други локали за да крадат производи, пренесуваат агенциите.

Две лица се повредени кога возило удрило во група полицајци на протестите синоќа во Бафало, Њујорк. Повредените полицајци се во стабилна состојба и се задржани во болница.

Поглаварот на епархијата во Вашингтон остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп кој организираше посета на историската црква Св.Јован крај Белата куќа, каде што беше фотографиран со Библија, откако безбедносните сили ги растуија мирните демонстрации оттаму со солзавец и шок-бомби.

“Јас ги мобилизирам сите федерални и локални сили, цивили и војски, за да ги заштитам правата на американците кои се придржуваат кон законот. Ако некој град или држава одбие да преземе дејства неопходни за да ги одбрани животите и имотот на нејзините граѓани, тогаш јас ќе ги распоредам армијата и ќе го решам проблемот брзо за нив”, рекол Трамп.