Време: Претпладне сончево, попладне на места со поројни врнежи – ММС
ММС

Објавено на: 06/2/20 5:58 AM

Време: Претпладне сончево, попладне на места со поројни врнежи

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието. Максималната температура до 25 степени. УВ=7. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре се очекува слично време, а потоа следува потопол период, но повремено ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.