Стигнаа резултатите од тестот за Ковид-19 и со Андријана сме за среќа, негативни, објави Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ. Тој на својот Фејсбук профил даде поддршка на своите партиски другари.
„Давам огромна поддршка за партиските другари на кои нема да им биде лесно периодов во изолација. Останете силни. На сите вас останати мои пријатели, ви посакувам здравје и само добро. Заедно да ги пребродиме маките. Никому не му е лесно, но мораме да стиснеме заби и да ја добиеме битката. Почитувајте ги мерките, доаѓаат подобри времиња. Ќе има време и за прослави и за собиранки и нови фотографии. А богами, ќе имаме и убави поводи! Но прво, мора да сме цврсти, решителни и да истраеме во заедничката борба против пандемијата. Без исклучок да ги почитуваме трите правила:Одржувај физичка дистанца од 1,5 до 2 метри,задолжително носи заштитна опрема,често миј ги и дезинфецирај ги рацете“, напиша Николовски .