По феноменалниот европски успех на „PROUD“ и „MONSTERS“, Тамара се враќа на македонската музичка сцена со нејзината нова песна со наслов „Слобода“.
Текстот за песната го напиша Игор Џамбазов, музиката на Роберт Билбилов, а аранжманот на Дарко Димитров
„Слобода“ е инаку првиот македонски сингл, од престојниот, трет студиски албум на Тамара кој треба да излезе во јавност до крајот на летото. Песната инаку има три верзии, македонска, српска и англиска насловена како „Rise“.
Фото : Facebook