Џеј Ло и Родригез прават повторен обид да го купат „Њујорк Метс“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/20 3:02 PM

Џеј Ло и Родригез прават повторен обид да го купат „Њујорк Метс“

Џенифер Лопез и Алекс Родригез по втор пат ќе се обидат да го купат славниот бејзбол тим „Њујорк Метс. Партнерот на славната актерка, безбол легендата Алекс Родригез според извори во САД се во преговори со неколку банки за да дојдат до потребната сума за купување на франшизата за „крал и кралица на Квинс“.

„Метс“ вредат 1.65 милијарди долари.   Парот правеше обиди  да го купи тимот на почетокот на овој месец но, неуспешно.

Моменталните сопственици, Фред и Џеф Вилпон се расположени за продажба поради големиот финансиски удар предизвикан од пандемијата од коронавирусот, иако и пред ваквата ситуација франшизата неколку сезони по ред работела со загуба.

 

 

 

извор: екипа. мк