Хороскопски знаци кои никој не може да ги раздели – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/18 10:20 AM

Хороскопски знаци кои никој не може да ги раздели

Иако се сосема спротивни знаци, водената Риба и огнениот Стрелец можат да се привлечат еден со друг уште при нивната прва средба. Тие поседувааат спротивни темпераменти, но двајцата веруваат во љубов и се онесуваат онака како што се чувствуваат. Рибата е хороскопски знак којшто мора да почувствува одредена доза на сигурност за да се заљуби. Додека таа е срамежлива, Стрелецот не се срами да ја изрази неговата наклонетост и директност во љубовниот однос.

Хороскопски знаци

Нивниот еротски живот е исполнет со многу игри во креветот и многу страст. Рибата престанува да биде срамежлива откако ќе почувствува дека Стрелецот поседува чисти емоции за неа. Кога се заедно на нив им се зголемува креативноста и фантазијата, а Срелецот ќе стори се за да ги задоволи потребите на емотивната Риба.

Проблем во оваа љубовна комбинација може да настане само доколку Стрелецот не може да ја поднесе пасивноста на Рибата. Стрелецот е знак којшто ја цени својата слобода, а контролата и планирањето на заедничка иднина од страна на Рибата може многу да го гушат. Искрениот разговор ќе им помогне тие двајцата да се усогласат, а откако ќе воспостават заеднички цели и разбирање нивниот однос ќе биде нераскинлив.