Председателот на СДСМ, Зоран Заев денес на прс конференцијата кажа дека потпретседателот на партијата Мухамед Зекири се заразил, бидејки бил на ифтар кај брат му. Но, напрвги Зекири го демантираше Заев:
„Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конфернција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми“, сакам само да ве информирам дека:
-За целото времетраење на полицискиот час ниту сум имал дозвола за движење, ниту било кога сум прекршил некоја од мерките за забрана за движење! За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтрски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството – и без посети од никого. Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот, напиша Зекири и додаде:
„Јас самиот ја соопштив веста за заразата, со епидемиолозите е завршена цела анкета и здравствените власти си го прават своето. Со оглед на тоа има засегнати лица кои за разлика од мене не се јавни личности, ве молам за почитување на нивната приватност“, напиша тој.