Поради тоа што заболеле нивни најблиски- брачен партнер и членови на семејството, тројца полициски службеници се во изолација. За еден припадник на полициските сили се очекува резултат од тестот. Според СВР Штип, не се работи за контакт во текот на извршување на редовните заачи, туку поради заболување на нивни блиски.
Полициските службеници веднаш се ставени во изолација, по потврдата дека нивни блиски се болни од ковид 19.