Кина лансираше во орбитата уште два сателита, по двата технолошки пробни сателита што ги лансираше во саботата, пренесува aгенцијата Анадолија.
Според веста на „Глобал тајмс“ („Global Times“), сателитите биле лансирани вчера во 16:53 часот по локално време со ракетата „Long March 2D“.
Се вели дека сателитите биле лансирани од Центарот за лансирање сателити „Џиучуен“.
Во веста се нагласува дека еден од сателитите ќе биде користен за кинеските проекти за изградба, урбанистичко планирање и управување со катастрофи.
Инаку, Кина во саботата лансираше двa технолошки пробни сателитa во орбитата за набљудување на Земјата.