ЈСП го прекинува бесплатниот превоз за пензионерите – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/20 9:14 AM

ЈСП го прекинува бесплатниот превоз за пензионерите

ЈСП од утре, вторник (2.06.2020 год) времено го прекинува бесплатниот јавен превоз за пензионерите. Во соопштението до јавноста ЈСП информира нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

Во исто време, до останатите патници ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.