Дваесет и четиригодишен скопјанец вчера починал, откако му се слошило додека играл фудбал на игралиште.

МВР денеска соопшти дека настанот се случил во попладневните часови, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.


