Млад скопјанец починал откако му се слошило додека играл фудбал – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/18 9:48 AM

Млад скопјанец починал откако му се слошило додека играл фудбал

Дваесет и четиригодишен скопјанец вчера починал, откако му се слошило додека играл фудбал на игралиште.

МВР денеска соопшти дека настанот се случил во попладневните часови, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.