Постар маж ме тепаше и силуваше, призна Мајк Тајсон – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/20 6:57 PM

Постар маж ме тепаше и силуваше, призна Мајк Тајсон

Легендарниот боксер Мајк Тајсон изјавил дека силувањето кое му се случило кога бил момче не влијаело на неговиот живот. Кога Тајсон  признал дека како адолесцент претпрел силување, новинарот на  “ESPN”  се шокирал.

– Бев дете. Тој беше постар човек. Ме тепаше и сексулано ме злостави. Никогаш после тоа не го видов. Научив дека тоа не значи дека си помалку маж, бидејќи се случило. Никогаш на никој не сум кажал. Не ми е непријатно, туку тоа е само нешто што се случило. Немаше големо влијание врз мојот живот. Го пребродив тоа  додека се борев, рекол Тајсон.

Татко му го напуштил додека бил основно училиште, ја оставил мајка му со три деца. Животот му се сменил од корен кога на 16 години останал без мајка а набргу потоа и без сестра.

-Никогаш не ја видов мајка ми среќна поради мене, поради тоа што го правам. Ме знаеше само како диво дете, кое трча по улица и доаѓа дома со нова гардероба, за која знаеше дека не сум ја купил.  Никогаш немав прилика да зборувам со неа, да ја запознам. Тоа ме скрши лично и емотивно, рекол Тајсон, кој на 13 години бил апсен дури 38 пати за ситен криминал.