Зелен снег на Антарктикот (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/20 2:03 PM

Зелен снег на Антарктикот (ВИДЕО)

Зелениот снег настанал со цветање на алгите на Антарктикот, научниците велат дека оваа појава ќе продолжи да се шири како што ќе растат температурите што се последица на климатските промени, откако ја направиле првата мапа од тие организми ни нивното развивање.

Сателитските податоци собрани од 2017 и 2019 година во комбинација со мерењата на терен во текот на две лета на Антарктикот, им овозможиле на научниците да ги пресликаат микроскопските алги додека цветаат над снегот.

„Поголемите температури би можеле да направат погодно опкружување за живот на алгите, на кои им треба влажен снег“, изјавиле научниците за Си Ен Ен.

Како што е наведено во студијата објавена во магазинот „Нејчр комјникејшн“ зелената силна алга е миросопска ако се мери поединечно, но кога организмите истовремено растат, снегот станува светло зелен и може да се види со човечко око, појасниле истражувачите.

Плочите со зелените алги може да се најдат вдолж крајбрежјето на Антарктикот, обично во „потоплите предели“ каде просечните температури се нешто над нулата во текот на летните месеци на јужната хемисфера од ноември до февруари.

Според зборовите на истражувачите, Антарктикот е дел од регионот кој доживеал најбрзо загревање во втората половина од минатиот век. Во февруари се забележани необично високи температури, додека деветтодневниот топлотен бран го запалил сверниот врв од континентот на почетокот на оваа година.