Бебе жирафа родено во време на пандемија го доби името „Корона“ (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/20 1:45 PM

Бебе жирафа родено во време на пандемија го доби името „Корона“ (ВИДЕО)

Бебе жирафа родено во индонезискиот остров Бали го доби името Корона за да се обележи дека е родено во екот на пандемијата на корона вирусот.

Малата жирафа е трета принова на гордото жирафа семејство, мајката Софија и таткото Матадиј, жители на Сафари Паркот на Бали.

Бебето жирафа и нејзината мајка се во одлично здравје, и во следните три месеци ќе биде под посебно надледување.

Сафати паркот на Бали е затворен за посетителите од крајот на март во рамки на мерките за спреување на ширење на пандемијата на корона вирусот.

Погледнете го видеото како малата „Корона“ пристигна на овој свет.