Првата асоцијација за портокалите е витамин Ц, но таа состојка не е единствена која ова овошје го прави толку здраво. Моќта на портокалоте е во комбинација со бројните хранливи материи во него.
Нутриционистите велат просечен плод на портокал содржи дури 93% препорачани дневни количини на витамин Ц кои треба да ги внесеме во организамот. Благодарејќи на антиоксидансите, го зајакнуваме својот имунолошки систем – витаминот Ц го стимулира и подобрува работењето на крвните садови, вклучувајќи ги и оние кои организмот го бранат од вируси и бактерии. Антиоксидансите го спречувааат оштетувањето кои ги предизвикуваат слободните радикали, како димот од цигарите или радијацијата. Индиректно, консумирањето на портокалот ќе се одрази на изгледот на вашата кожа која ќе ја направи поздрава и сјајна, а поволно ќе влијае и на работата на срцето и превенција од бројни болести.
Витаминот Ц има важна улога при ресорбција на железото, што влијае и на создавањето на црвените крвни зрнца. Без железо се чувствуваме тромо и исцрпено, а вклучувајќи го портокалот во вашата секојдневна исхрана ќе може тоа да го спречите.
Истражувањата покажале дека просечна големина на портокал содржи три грама железо, а тоа помага да се намали нивото на холестеролот во крвта.
Уште една предност на портокалот во однос на другите овошја е што содржи фолат, есенцијално важна хранлива материја за жените. Овој податок посебно е значаен за трудниците и жените кои планираат да имааат принова. Внесувањето на фолатот го намалува ризикот од оштетување на нервите, мозокот на рбетот и фетусот. Всушност тоа е причината зошто гинеколозите на трудниците обично им препорачуваат да консумираат витамини кои содржат фолна киселина.