Земјотрес во Корча почувствуван и во земјава – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/20 6:35 PM

Земјотрес во Корча почувствуван и во земјава

Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 165 километри југозападно од Скопје, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча, Албанија, попладнево е почувствуван во земјава.

Ккао што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран денеска во 17 часот и 35 минути.

Земјотресот е со 3.5 степени по Рихтер, а бил почувствуван во југозападните делови во земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.