Загрижувачки сразмери со последните случувања со јавното здравје има во општина Сарај, вели градоначалникот на оваа општина, Блерим Бежети.
„Општина Сарај денес се на се има забележано 41 лице заразени со вирусот CoVid – 19 и заразените се од повеќе населени места во нашата општина“, стои во писменото соопштение испратено од градоначалникот на општината.
Беџети во обраќањето вели дека, заедно тежнееме што побрзо враќање во нормалност и да ја заздравиме и зајакнеме нашата економија, но секое врачање во секојдневата рутина обавезно треба да се последи со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени.
Тој вели дека е во постојан контакт со централните и локалните институции како и со експертите и затоа, како локална самоуправа, но и како граѓани се потполно на располагање на сите напори за да се надмине ова пандемија што побрзо .
„Ова борба не може да се надмине без учеството и одговорностите на сите нас. Овој вирус не е шега и ова го докажуваме секојдневно. Што побргу ја прифаќаме новата реалност и ја зголемиме заштитата кон нашето здравје, толку побргу може да се вратиме во нормалност. Силно апелираме до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакви фамилијарни и пријателски собири и да одржуваат лична хигиена на ниво“, стои во соопштението од Беџети.
Тој ги повикува надлежните за јавното здравје да го зголемат бројот на тестирања во нивните општини и на тој начин што побрзо и поточно да се идентификуваат заразените на кои треба да им се помогне, но и да се спречи понатамошното проширување на вирусот.
„Само со тестирање, со повеќе од 700 тестирања на ден, можеме да дознаеме колку лица се заразени и каде се жариштата на заразените“, вели Беџети.