Нови 14 дена вонредна состојба поладнево ќе прогласи Пендаровски – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/20 12:32 PM

Нови 14 дена вонредна состојба поладнево ќе прогласи Пендаровски

На состанокот во Вила Водно на Советот за безбедност донесена е одлука од нови 14 дена вонредна состојба во држава која ќе важи од утре, информираше претседателот на државата Стево Пендаровски.

Донесувањето на оваа одлука, рече, има за цел само да им овозможи на Владата и институциите ефикасно да се справуваат пред се со, како што рече, здравствените, но и економско-социјалните предизвици поврзани со кризата предизвикана од кононавирусот и не треба да се доведува во корелација со изборниот процес.

Третата, истотака, четиринаесетдневна вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот завршува денеска, а ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.