Меркел се плаши од корна вирусот, нема да присуствува лично на состанокот Г7 во САД – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/20 12:17 PM

Меркел се плаши од корна вирусот, нема да присуствува лично на состанокот Г7 во САД

Германската канцеларка Ангела Меркел нема лично да присуствува на состанокот во САД со членовите на најголемата економија во светот, ако претседателот Доналд Трамп  остане на одлуката состанокот да се одржи во живо, освен ако до тогаш не се промени ситуацијата со коронавирусот, соопшти кабинетот на Меркел.

Дводневниот самит Г7 кој е закажан за 10 јуни во Камп Дејвид кој беше одложен во март и наместо одржувањето во живо најавена беше видео конференција, но американскот претседател пред една недела рече дека повторно размислува за одржување на состанокот во живо сметајќи дека тоа би бил одличен знак за сите дека работите се враќаат во нормала.

Веднаш по тие најави Меркел изјавила дека се уште нема одлучено дали ќе присуствува лично или по пат на видео конференција, а денеска од нејзината канцеларија информираа дека донела одлука.

„Денес со оглед на ситуацијата со пандемијата, таа не може да вети дека лично ќе учествува“, соопштиле од кабинетот на Ангела Меркел.

За можноста да се одржи состанокот во живо на групата Г7 во САД, вчера американскиот претседател разговарал и со британскиот премиер Борис Џонсон.