Вчера во 09.40 часот во Полициското одделение Мирковци, вработен во погребален сервис Бутел пријавил дека на гробиштата од црквата Св.Никола во с.Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната со должина од околу 30 см, информираат од МВР.
Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.