Со метла по задник- Изнајмил мажи за сексуална фантазија, но влегле во погрешна куќа – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/20 11:48 PM

Со метла по задник- Изнајмил мажи за сексуална фантазија, но влегле во погрешна куќа

Во сексуалните фантазии, сè е идеално – сè додека во реалноста не тргне наопаку. Двајца мажи со ножеви влегле во погрешна куќа во Нов Јужен Велс, Австралија и бргу сфатиле дека погрешиле. Биле ангажирани да ја исполнат фантазијата на клиент кој сакал да го врзуват додека бил во долна облека и да го удрираат со метла. Еден од нив бил ослободен од обвинението дека влегол во куќа вооружен во јули 2019 година, јавуваат австралиските медиуми.

Судијата заклучил дека „фактите околу овој случај се невообичаени“. Сè било организирано преку Фејсбук и клиентот им ја испратил адресата каде треба да дојдат. „Клиентот бил подготвен да плати 5.000 австралиски долари ако биде навистина добро“, рекол судијата. Сепак, клиентот се преселил во куќа оддалечена 50 километри од  таа, но за тоа нив не ги известил. Така тие отишле на првобитната адреса.

Кога домаќинот на куќата утрото во 6.15 часот видел светлина во кујната помислил дека неговиот пријател дошол на утринско кафе. Сепак, тој ги слушнал како изговараат друго име – името на  нивниот клиент. Домаќинот ја запалил сијалицата и се шокирал кога видел двајца над неговиот кревет со ножеви во раце.

Штом сфатиле дека станува збор за грешка, еден од нив рекол: „Извини пријателе“ и се ракувал со човекот, пишуваат медиумите. Двајцата потоа сеодвезеле на вистинската адреса каде клиентот ги чекал со „голем, голем нож“ во пантолоните.

Тој пржел сланина, јајца и тестенини, а тогаш полицијата пристигнала на имотот и ги уапсила двете лица. Сепак, судијата утврдил дека нема докази дека тие го сториле тоа намерно.

„Понеле мачети како дел од реквизитите. Фантазијата не била запишана, но секој детал бил договорен со дискреционо право “, рекол тој.

Адвокатот на обвинетиот Теренс Лирој рекол дека станува збор за комерцијален договор.

„се договориле полугол да го врзат и да го удираат со метла“. Тие немале намера да исплашат никого “, рекол тој.

Фото: 24sata.hr