Борделите се надеваат дека ќе продолжат да работат по карантинот воведен заради пандемијата на корона вирусот, но според одреден протокол. Во Швајцарија борделите смислиле план како да продолжат да работат, кој социјалната дистанца ја максимизира, а дел од тој план се меѓу другото позите и задолжителната хигиена.
Асоцијацијата на сексуалните работници ПроКоРе објави хигиенски водич порано овој месец со надеж дека швајцарската влада ќе ги уважи нивните барања за враќање на работа на осми јуни. Иако е јасно дека проституцијата е некомпатибилна за социјалната дистанца, ПроКоРе направи се само за да пронајде решение, па дури и предложи секс пози кои „максимално одалечуваат“ две личности. Како што предлагаат тоа биле само две пози „кучешка“ и „превртена каубојка“. Поради безбедноста клиентите ќе мораат да ги остават своите податоци, кои ќе бидат чувани четири недели. Доколку некоја од проститутките се зарази, тие би знаеле со кого се имала контакт.
Исто така предлагаат и „сесиите“ да траат максимално 15 минути, а собите мора да се проветруваат на 15 минути меѓу секоја сесија. Целата постелнина мора да се менува, и да се пере со дезинфекциско средство.
Со правилникот се забранува секаков начин на допирање на лицето а се препорачува и носење маски.
Текст: novosti.rs
Фото: atvbl.com