Хаос на Медицински факултет: Животни земале примероци од заразена крв со Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/20 2:15 PM

Хаос на Медицински факултет: Животни земале примероци од заразена крв со Ковид 19

Во еден универзитетски комплекс во Индија, група мајмуни нападнале еден од лаборантските техничари и од него ги земале примероците со крв на пациенти кои биле позитивни на тестирањето за Ковид 19.

Како што наведува Ројтерс, нападот се случил оваа недела, додека техничарот се движел кон комплексот на државниот медицински факултет во градот Мирут во индиската држава Утар Прадеш.

„Мајмуните ги земале примероците со крв на четири пациенти заболени од Ковид 19 кои биле на лечење и побегнале“, изјавило официјално лице од факултетот и додало дека од пациентите повторно морале да бидат земни примероци од крвта.

Не е познато дали мајмуните ги фрлиле примероците со крв, а луѓето кои живеат во близина на комплексот во кој има доста зеленило, соодветно за престој на овие животни- стваруваат дека заразата може да биде пренесена.

Како што рекло официјалното лице од факултетот, засега не постои доказ дека може од крвта да се инфицираат и мајмуните да бидат заразени  и да ја пренесуваат заразата.