(ВИДЕО) Измислил кревет што се претвора во ковчег и никој не сака да легне во него – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/20 12:45 PM

(ВИДЕО) Измислил кревет што се претвора во ковчег и никој не сака да легне во него

Болнички кревет од картон, кој може да се користи за пациентите заболени од корона вирус, се трансформира во ковчег кога тие ќе починат, пренесува британскиот “Мирор”.

Во пренаселениот град Гвајаквил во Еквадор семејствата биле приморани телата на најмилите да ги замотаат во тепих или во пластика и да ги фрлат на улица, бидејки немало доволно гробни места и ковчези. Гомез  бил мотивиран да смисли нешто за што се надевал дека ќе го спречи сличното сценарио во неговата родна Колумбија и другите земји  и дошол на идеја за болнички кревети кои се претвараат во ковчези.

-Видовме што се случуваше во Еквадор, како луѓето ги изнсуваат починатите членови на семејството на улица. Освен тоа се случува и погребните служби да не можат да постасат во случај на пандемија, рекол 44-годишен бизнисмен и додал дека така дошол на идеја да измисли кревет, кој може да се претвори во ковчег, а кој може да издржи тежина до 150 килограми.

Извор: informer.rs