Синоќа, на патот Штип – Кочани во судир на два автомобила со тешки телесни повреди во Клиничката болница во Штип се пренесени две петгодишни деца, соопшти МВР.
-На 28.05.2020 во 22.30 часот на магистралниот пат Штип-Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.З.(25) од с.Чешиново, кочанско и патничко возило „пежо 206“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од А.В.(30) од Злетово. По незгодата, сопатниците во возилото „пежо“, Х.В.(25) и две петгодишни деца биле пренесени во Клиничката болница Штип каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти полицијата.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.