Наместо со здравјето на граѓаните, тетовскиот Совет се занимаваше со урбанистички планови – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/20 4:55 PM

Наместо со здравјето на граѓаните, тетовскиот Совет се занимаваше со урбанистички планови

Советот на Општина Тетово ја одржа првата седница откако започна пандемијата со КОВИД 19 пред повеќе од два месеци.

Советот на Општина Тетово ја одржа првата седница откако започна пандемијата со КОВИД 19 пред повеќе од два месеци. Но истата по усвојуавње на три точки од вкупно десет беше прекината.

Иако беа усвоени само три точки расправата во советот траеше три часа. Пред да се почне со гласање на точките, на седницата имаше расправија околу дневниот ред. Опозиционите советници реагираа зошто ниту една точка од дневниот ред не содржи мерки за заштита и помош на населението поради пандемијата со КОВИД 19.

Претседавачот на советот Беким Мемети, рече дека на една на наредните седници ќе се расправа и за предлозите од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Наместо точки за КОВИД 19 на денешената седница на Советот на Општина Тетово предложени беа предлог одлуки за донесување на детални урбанистички планови за израдба на дваесетина станбени објекти долж булеварот Индустриска.