Одложено лансирањето на Crew Dragon неколку минути пред полетувањето – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/20 3:42 PM

Одложено лансирањето на Crew Dragon неколку минути пред полетувањето

Облаците и временските неприлики го одложија првиот лет на Crew Dragon, кој требаше да биде прв во последните десет години кој од тлото на САД ќе понесеше луѓе кон Интернационалната вселенска станица.

Следното лансирање е планирано за сабота, 30-ти мај или ако сабота не ги понуди временските услови, тогаш се предвидува лансирањето да се случи наредниот ден во недела на 31 мај. Сепак очекувањата се дека историскиот лет ќе се случи, со што би се одбележал почетокот на новата ера, во која управувани космички летови, веќе не би зависеле од Националната вселенска агенција, туку и од приватните компании како што е SpaceX.

Четириесет минути пред полетувањето одлучено е лансирањето да се помести за сабота, во надеж дека олујата ќе се смири до тогаш. Експертите проценуваат дека лансирањето би можело да биде успешно доколку беше одложено за само десет минути од закажаниот термин, што не беше можно, со оглед на тоа дека е неопходно капсулата да стигне до Интернационалната станица во моментот кога е во поволна положба, што значи дека лансирањето мора да се случи тогаш, кога е планирано.

 

Извор: https://pcpress.rs/