Двајца сопружници од Неготино позитивни на Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/20 1:13 PM

Двајца сопружници од Неготино позитивни на Ковид 19

Брачен пар на возраст од 49 годни од Неготино се позитивни на Ковид 19, потврдуваат од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Мажот бил вработен во гранична полиција и имал контакт со негов колега кој претходно бил заболен од корона вирусот, па најверојатно и тој е инфициран од него.

Двајцата сопружници се во домашна изолација. Жената била во добра здравствена состојба, а нејзиниот сопруг со покачена температура.

Од Центарот за јавно здравје се следат контактите на новите двајца позитивни на Ковид 19 од Неготино.

Според ин формациите од СВР Велес, со решение во изолација има  11 лица  во Кавадарци и 13 во Неготино.

Ангел Данов