Еден од двата трансплантирани бубрези, кои во саботата беа трансплантирани кај двајца пациенти од сега покојната Емилија Динева, не успеал да профункционира и вчера лекарите морале да го извадат. Ова за „Утрински рифинг“ го потврди д-р Сашо Дохчев.
-За жал вчера едниот трансплантиран бубрег не профункционира и моравме да го извадиме. За другата пациентка немам што да кажам, поминавме одлично без компликации и веќе вториот ден се нормализираа оние деградациони продукти во крвта кои се параметар за успешноста на трансплантацијата ио таа е добро. Кај пациентот од кој го извадиме трансплантираниот бубрег од старт имавме проблеми и дилеми дали воопшто да почнеме со трансплантацијата, затоа што од самиот почеток знаевме дека едниот од бубрезите кај кадаверот е беше помалку вреден. Но, сепак се одлучивме да помогнеме на уште еден пациент, кој беше на листата на чекање, изјави во д-р Сашо Дохчев, директор на Урологија.
Како што веќе објавивме, бубрезите на Динева беа транспланирани кај маж на 40-годишна возраст од Куманово и кај 45-годишна скопјанка. Двајцата пациенти беа со хронична бубрежна слабост и со години на дијализа.