(ВИДЕО) „Од Македонија сум“, рече еден од напаѓачите на шефот на кавачкиот клан во Киев – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/20 7:48 PM

(ВИДЕО) „Од Македонија сум“, рече еден од напаѓачите на шефот на кавачкиот клан во Киев

Украинската полиција излезе со снимки како бил нападнат и како ги уапсиле напаѓачите на шефот на кавачкиот клан Радоје Звицер од Црна Гора,  кој вчера беше тешко ранет во центарот на Киев. Според соопштението на тамошната полиција напаѓачите се државјани  на Србија, Црна Гора и Македонија.

Од видеото се гледа како еден од нив го прашуваат од каде и, а тој одговара-Од Македонија.  Осомничените за време на апсењето пружале отпор и се обиделе да и избегаат на полицијата и да заминат за Молдавија, но биле спречени.

Звицер е во тешка состојба и се уште се бори за живот.

На Звицер вчера околу 18 часот во елитниот дел на Киев пукале двајца мажи а по нападот побегнале со „смарт“, па го запалиле автомобилот за да прикријат траги. Еден од напаѓачите бил зафатен од огнот.

Српските медиуми пишуваат дека оваа војна меѓу црногорските кланови кавачи и шкаљари се води уште од 2015 година и до денес се загинати најмалку 41 личност.

 

.

Фото:juznevesti.com