Екипата на Голден Стејт поведе со 3-0 во финалната серија од НБА лигат откако на гостински терен го совлада тимот на Кливленд Кавалирс со резултат од 110-102.
Ако некој пред третиот меч од финалната серија во НБА лига помисли дека „Кавалирс“ може да се вратат, се зезнаа, а тоа го потврди незадржливито Кевин Дурант кој го водеше својот тимт до третата победа и се чини недостижна предност.
Дурант имаше учинок од 43 поени и 13 скока. Од игра имаше неверојатен шут, 15 од 23, а за три поени 6 од 9. Следниот најефикасен во победничката екипа беше Кари со 11 поени со шут за три поени 1/10, додека Томсон додаде 10 поени.
Кај Кавалирс, Леброн даде 33 поени, 11 асистенции и 10 скока, со шут од игра 13 од 28 и 1/6 за три поени. Кевин Лав мечот го заврши до „дабл-дабл“ од 20 коша и 13 скока.
Извор: СпортКлуб