Кавадаречкиот совет ги ослободи родителите од плаќање надомест за градинка – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/20 1:29 PM

Кавадаречкиот совет ги ослободи родителите од плаќање надомест за градинка

Родителите чии деца посетуваат градинка се ослободени од плаќање на надоместок за април и мај, вака денеска едногласно одлучи советот на општина Кавадарци. Одлуката беше донесена во рамки на 41-та седница која се одржа онлајн, поради здравствените протоколи.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, ја поздрави донесената одлука од советниците и посочи дека ќе биде од големо значење за семејствата.

„Во Кавадарци во градинка се згрижени околу 1500 деца. Нема листа на чекање слободно место. Наскоро градинките ќе започнат со работа“ рече Јанчев.

Едногласно советот на денешната седница донесе и одлука за основање на јавна општинска установа, локален вински музеј за регионот Тиквеш, а беа назначен и членови на управниот одбор и на органот за внатрешна контрола. Средствата за основање на музејот и почеток со работа се обезбедени од основачот, општина Кавадарци во износ од 300.000,оо денари.

Ангел Данов