Се редат „бисерите“ на директорот на ААВМУ – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/17 2:18 PM

Се редат „бисерите“ на директорот на ААВМУ

Нови „бисери“ од ризницата на директорот на агенцијата кој треба да ги регулира радиодифузерите во државата, ААВМУ. Зоран Трајчевски ја презеде улогата на сообраќаец, кој како на раскрсница ги препраќа документите, наместо да решава по нив. Последниот „бисер“ е врзан со барањето за одземање на лиценцата на штипското радио Енџелс ФМ поради недозволена концентрација на сопствеништво. И наместо да постапи како што налага законот и самиот да се зафати за работа за која е платен, Трајчевски бара некој друг тоа да му го заврши. Ни помалку ни повеќе, барателот, кој сега, треба да му ги толкува документите од официјалните државни институции, како Централниот регистер, кои му се доставени во прилог на барањето. Уште поголем бисер е барањето упатено до барателот ,ТОЈ сам да обезбеди документ заверен кај Нотар ,во кој се тврди дека ,, лицето Иле Митов е вонбрачен другар на Жанжанина Стојанова, која е сестра на Роберт Димитров, основач на Телекабел- оператор на јавна телекомуникациска мрежа,,и дека,,оваа состојба е од денот на преземање на Радио Черења(сегашно Енџелс).

Зошто му е на Трајчевски, бројната правна служба, на чело со незаменливата правничка толкувачка, Магдалена Довлева Давидовска, инаку дипломец на Факултетот за туризам во Охрид?! Апсурдно и невидено, но ништо чудно во ААВМУ, каде што законите се толкуваат според потребите и состојбите. Секое игнорирање на законот и играње на сообраќаец, повлекува кривична одговорност на директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, кој при тоа ја злоупотребува службената положба и овластување. Членот 43 од Законот за АВМУ вели: Поведување на постапка за утврдување на недозволена медиумска концентрација по службена должност (1) Доколку Агенцијата врз основа на сопствени сознанија или врз основа на податоци добиени од заинтересирани лица има сознанија за евентуално постоење на недозволена медиумска концентрација, односно за постоење на повреда на забраната од членовите 34, 35 став (2) или 38 од овој закон ќе ги испита таквите сознанија по службена должност без одлагање. Со непостапувањето по законот повторно Зоран Трајчевски прави кривично дело, злоупотреба на службена должност и овластување.   Време е работата на Трајчевски да се најде пред Основното јавно обвинителство.