Германската организација за заштита на правата на борделите и независните сексуални работници ги повика политичарите да дозволат продолжување на работата бидејќи земјата постепено ги олабавува рестриктивните мерки, јави Би-Би-Си.
Во отвореното писмо до пратениците, Организацијата истакна дека, како и другите сектори, треба да им се овозможи да им се отворат на клиентите.
Организацијата објаснува дека има план за хигиена за да се обезбеди работата да се заврши безбедно, додавајќи дека сексуалните работници веќе имаат искуство и личен интерес да не ги ставаат во опасност нивното здравје и здравјето на нивните клиенти.
Авторите на писмото, исто така, ги покануваат политичарите да го посетат борделот откако ќе бидат укинати рестриктивните мерки за да бидат сигурни дека работата е направена во безбедно опкружување.
Во Германија, во последните 24 часа биле регистрирани уште 432 новозаболени, а 45 починале. Вкупно 179.002 заразени и 8.302 мртви се потврдени во земјата. Околу 90% од заразените оздравеле.
Објавено на: 05/26/20 1:44 PM