88 годишна баба прифати TikTok танцов предизвик, погледнете како изгледа тоа (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/20 2:35 PM

88 годишна баба прифати TikTok танцов предизвик, погледнете како изгледа тоа (ВИДЕО)

Внуките Jess и Grace одлучиле да ја посетат својата 88 годишна  баба Ruth Rudd од Англија за време на карантинот. За време на престојот, внуките успеале да ја наговорат нивната баба да заигра на популарен танц од социјалната мрежа TikTok. А додека таа танцува, нејзините внуки снимиле видео, кое го поставиле на популарната социјална мрежа.

Во еден ден видеото го погледнале околу пола милион корисници, а бабата била облечена во фудбалски дрес во сопственост на нејзината внука и со тоа станала вистински хит.

„Јас сум веќе стара жена и не се движам многу, но ова не ми е тешко“, вели Ruth од Кидерминстер во Англија.

@ourdancingnan

♬ Match Of The Day – Various Artists

„Не направив ништо специјално за толку луѓе да го видат видеото. Само сум стара дама која направи кловн од себе. Осум недели не сум излегла од дома, а ова убаво ме раздвижи“, вели 88 годишната Ruth.

@ourdancingnan

♬ Laxed – Jawsh 685

Таа има три возрасни деца, девет внуци и два правнука.

„Бевме во посета на нашата баба и видовме на TikTok дека една корисничка како ја снимила својата баба како танцува. Помисливме дека тоа може да го стори и нашата баба. Во еден ден видеото имаше повеќе од пола милион прегледи, а сега има повеќе од 30 милиони. Не очекувавме дека ќе ја прославиме нашата баба“, изјавиле внуките на Ruth.