Уште едно животно може да го пренесе корона вирусот на човек: Куната е преносителот ?! – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/20 2:13 PM

Уште едно животно може да го пренесе корона вирусот на човек: Куната е преносителот ?!

Во Холандија откриен е втор случај на пренос на корона вирус од животно на човек, соопшти Министертсвото за земјоделство во земјата.

Министерката Карола Скаутен во писмо до Парламентот повторила дека Националниот институт за здравство верува дека ризикот за пренесување на болеста од животни на луѓе надвор од фармите на кои се чуваат не е „занемарлив“, пренесува Ројтерс.

Таа на 20 мај го извести Парламентот дека работник од една фарма во Холандија на која се одгледуваат куни, и работи за извоз на крзна е заразен од корона вирусот преку животното кое го чува.

Појавата на заразата со корона вирусот помеѓу куните на фарма во Холандија забележана е уште во месец април, кога вработените забележале дека некои животни имаат потешкотии со дишење што предизвикало дополнителна истрага.

Под притисок на активистите за права на животните, Холандија забрани отворање на нови фарми со куни, додека постојаните би требало да бидат затворени до 2014 година.