“Solitaire” наполни 30 години, сеуште ја играат над 35 милиони луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/20 2:03 PM

“Solitaire” наполни 30 години, сеуште ја играат над 35 милиони луѓе

Видео-играта од  Microsoft , “Solitaire” денеска „наполни“ триесет години, а сеуште месечно ја играат 35 милиони луѓе, кои дневно „вртат“ по сто милиони делења.

“Solitaire”  првично беше пласиран во 1990 година во состав на оперативниот систем Windows 3.0, а главната намена била да се научат корисниците како да го користат глувчето.

Фаќање на виртуелни карти и префрлање на друго место, се сметало дека е идеална вежба за корисниците да ги совладаат основните функции drag and crop.

Сепак, едноставноста е она што играта ја претворила во една од омилените алатки за „тепање“ време, па од  Microsoft одлучиле да ја остават во сите наредни верзии на оперативниот систем се до Windows 8 во 2012 година.

 

 

извор :ртс.рс