Фондацијата „Тијана Јуриќ“ на денешниот Меѓународен ден на исчезнати деца, предупреди дека во Србија на годишно ниво исчезнуваат од 1.300 до 1.500 деца и повтори дека се залага за воведување на систем за вознемирување во јавноста „Amber alert“.
Иако исчезнувањата на децата главно се поврзува со киднапирање, причините за исчезнување се рзлични, понекогаш се случува и детето самоиницијативно да избега од дома или од некоја установа во која е сместено, се наведува во соопштнието на Фондацијата „Тијана Јуриќ“.
„Се случува и детето да биде земено од страна на родителите, но и од непознати лица кои животот на тоа детето може да го донесат во опасност и затоа од пресудно значење може да биде алармирањето на пошироката заедница, односно воведување систем за вознемирување на јавноста „Amber alarm“, велат од Фондацијата.
Тој систем би овозможил брзо и ефикасно алармирање на целокупната јавност, со што би се решиле голем број на киднапирања, а како што вели Игор Јуриќ, основач на Фондацијата „Тијана Јуриќ“, тој процент во земјата во која е воведен системот е околу 90 отсто.
Во соопштението потсетуваат дека на иницијатива на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ усвоени се измени во Законот за полиција, познат како Законот на Тијана, за да не се чекаат 24 часа да поминат од исчезнувањето, туку во потрага за исчезнато дете да се тргне веднаш по пријавата на исчезнување.