Купувал болнички респиратори по три пати повисока цена- Уапсен министерот за здравје на Боливија – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/20 9:59 AM

Купувал болнички респиратори по три пати повисока цена- Уапсен министерот за здравје на Боливија

Сменетиот министер за здравје на Боливија,  Марсело Навахас (62) уапсен е вчера  бидејќи е утврдено дека купувал болнички респиратори по три пати повисока цена од вистинската. Нему му е одреден притвор од три месеци.

Претседателката на Боливија, Жанин Ањес  го смени Навахас во четвртокот по извештајот  дека на каталонска компанија и платил 4,7 милиона долари за 170 респиратори поради лечење на пациентите заболени од  Ковид-19, а за која е утврдено дека се три пати поскапи од вистинската цена.

Навахас на местото министер помина 45 дена, а неговиот адвокат тврди дека тој е невин. Освен тој, уапсен е и директорот на  Министерството Фернандо Валенцуела  кому му е одреден шест месечен притвор.

Интер-американската развојна банка, која ја финансирала набавката на респиратори соопшти дека покренала сопствена истрага за случајот.

Извор: blic.rs

Фото: santiagotimes.cl