Освен што е дивоградбa,рибниот ресторан ,,Воденица“е граден на земјоделско земјиште. Документот што Агенцијата за катастар,П.Е Делчево го достави до ММС, пишува дека во Одделението за катастар на недвижности, не постои документ за трансформација на земјиштето од земјоделско во градежно за парцелата 2203,што значи не е запазена законската постапка пред почетокот на градбата да се изврши потребната трансформација Во важечките сопственички листи, односно во официјалната документација, градежно земјиште е само 43 квадрати, додека дури 910 квадрати е нива од петта категорија.Со тоа според документот уште еднаш е прекршен законот за градба, но и законот за земјоделско земјиште каде што јасно се утврдува кога и во кои услови е предвидено градба.
ММС пред пред некој ден го објави документ што го доби од општина Делчево во кој се гледа дека ресторанот и рибник “Воденица” е дивоградба.
Во одговорот на штипскиот градоначалник Илчо Захариев од пред три дена, во врска со информацијата дека ресторанот Воденица изграден на земјиште ,дел во сопственост на неговиот син Александар, тој вели дека во Катастер и во Државната комисија за спречување на корупцијата каде е објавен имотот на секој функционер јасно стои дека во Делчевско, Илчо Захариев има земјоделско земјиште, куќа со двор и шума од кои дел се имот кој се води на име на неговите деца и кој е стекнат по пат на наследство.
“Воденицата” која упорно ја претставуваат како ресторан или рибник, е во сопственост на семејството Захариеви уште од 1934 година. Ја имал мојот дедо, кој му ја пренел на мојот татко а тој пак мене, и истата сега е во сопственост на мојот син. Во Централен регистер може лесно да се провери кој е сопственик на ресторан и рибник и дали располагам со такво нешто – напиша Захариев.
Никој не го оспорува фактот дека Воденицата е во сопственост на фамилијата Захариеви, но документите јасно укажуваат дека ресторанот Воденица е нов објект, работи две години и дека е изграден на земјиште каде што дел поседува Александар Захариев. Овој податок не е поместен во анкетниот лист на Захариев. Тој ниту го демантира ниту го потврдува фактот дека ресторанот е дивоградба и дека истиот е изграден на земјоделско земјиште.
Документите се јасни и недвосмислени. Прашањето е како општината и државата до сега го игнорирала овој факт и овозможиле непречено работење на ресторанот,веќе две години. Зошто не реагирале инспекциите? Зошто законот не важи за сите?
И не само што што ресторанот Воденица е дивоградба и изграден на земјоделско земјиште ,ние веќе пишувавме и за неиздавањето на фискални сметки во ресторанот но и за наежурираниот анкетен лист. Текстот може да го прочитате на следниот линк.